Вооружен со научните императиви на социјалната антропологија, Вашер де Лапуж откопува на илјадници черепи по гробиштата на областа Еро за да го измери нивниот „кефален индекс“, па - по десет години теренски истражувања - на Ренан, кој мислеше дека може да прогласи дека „нацијата не е синоним за расата“, тој му одговара: „Ни во семејството ниту во нацијата не се стапува со проста одлука.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Камилски, надоен со научен сорбонски дух, веруваше дека овој пристап методски би бил поуспешен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)