Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Она што е посебно кај активациско/динамичката теорија е тоа што мозокот се сфаќа како динамичен, самодоволен орган којшто генерира сопствени информации.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Идилата, нивната љубовна идила, како да беше совршена глуварка, што се распрснала при најмал допир со надворешниот воздух.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Главната несреќа за Бугарија и за нејзините интереси е не во тоа што има многу партии и не сите ги знаеле арно народните интереси, ами во тоа што Бугарите малку се проникнати со народните интереси, особено со надворешните.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Умот- мозокот се бави со надворешниот свет со помош на идеи за надворешниот свет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Идеограмите, или идеографите, имаат апстрактно или конвенционално значење и веќе не покажуваат јасна сликовна врска со надворешната стварност, поради два фактора.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)