ИВАН: (Пали цигара. Го впива чадот нервозно и со кратки повлекувања.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Во првиот дел од ревијата беа прикажувани секојдневните облеки: долги, тесни струкирани сукњи до глуждовите со кратки болероа, карирани палта од твид, долги, широки свилени пантолани.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара: – Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас. – Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Веќе тешко можеше да се контролира неговата алчност, спржуваше, правеше изгореници, палеше млади дрвца што квичеа под неговата жестина, ја поцрнуваше земјата над која како од шега поминуваше само со краток јазик, жежок, а смртоносен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Работното место налагаше Гоше да користи огнено оружје, но испитувањата на службите покажаа дека засега “тоа прашање е отворено” (“нагласено темпераментен до благо непресметлив”, стоеше во специјалистичкиот наод на службите), па на располагање имаше секира со кратка рачка, со остро сечило и со наназад силно издаден тупук.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Успешно дејство со кратки рафали до 200 метри, а со долги до 100 метри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)