Но тоа беше како шетање со искината чорапа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но врз мене сѐ уште лежеше парче темница во која Круме Арсов се преобрази во жив факел што со искинати писоци се врти во круг, паѓа на коленици и пак станува, и трча кон ветар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговите сиви алишта не изгледаа веќе нови, беа стуткани и искапани, со искинати копчиња и распарани во рамениците.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мислев дека она што треба во мене да е страв станува дива болка од која ќе можам да се избавам далеку од ова чудно земјиште со многу жили во себе, негде на некое бачило запаметено од детството или од прикаските на тоа детство: во несоблазнет дом на недоразвиени јагненца до чии меки слабини топло се дише, бескрајно се сонува цутењето на праските и јаболкниците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Долу на улицата ветрот мавташе со искинатиот постер наваму натаму, а зборот АНГСОЦ соодветно се појавуваше и исчезнуваше. Ангсоц. Светите принципи на Ангсоц. Новоговор, двомисла, променливост на минатото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Облечен во бела припиена кошула која му ги оцртуваше набабрените мускули на градниот кош, некои фраерски фармерки со искинати џебови и патики по најнова мода.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Најпосле сепак веќе беше горе. Со крваво лице, со искинати раце и со здив, што долго не можеше да биде смирен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)