со (предл.) - зелен (прид.)

Низ сиот тој простор Милан имаше изградено мали базенчиња од тули и цемент, куќички за птиците како мали колипки обоени со зелена и бела боја, хранилки за птиците, како минијатурни закачалки што висеа на гранките од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вода им даваше во чаши од тенко стакло, целите однадвор изнашарени со зелени лисје и црвени цветови.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа беше Оливер Твист, преку чии корици со зелено мастило стоеше името и презимето на Ана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„И, на главата сте ја заборавиле оваа капа, која никако не му прилега на вашето одело, ниту пак на вашето дело,“ рече и ја симна капата со зелени туфнички од главата на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Вистинска будалетинка сум, нели?“ Јас не одговарав, само се смеев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се свртев и се засмеав – за нозете му се имаа припиено тесните розеви панталони, кошулата беше во најразлични бои, а над сериозното лице со брада и наочари се издигаше капа со два портокалови израстока, кои завршуваа со зелени туфни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А сега ајде, ќе ве испратам до дома, па таму во топлиот брачен кревет ќе можете мирно да сонувате, сеедно дали свесно или несвесно.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Крупните сини очи ѝ беа невешто исцртани со зелени линии, а светлоцрвениот кармин се беше излижал од средината на нејзините полни усни, обрабувајќи ги со една разлеана линија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не беше сигурен, но му се причини дека му е речиси врсничка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над нас мракот беше испресечен со зелени пукнатини, под нас земјата се грчеше од гнев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак зелено мирисаат пченки и ти раскажува некој со зелен глас: ако не се фатиш за нешто, за шурка небесна светлост или за опаш на магла, ќе се струполиш во шуплива бескрајност - ни над тебе ни под тебе нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаев - врз моите зелени соништа со зелени луѓе и зелени сенки паѓаше зелена магла: беше погуста од сите магли на една треска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали само покојниот Дмитар-Пејко, некогаш Димитариноарие, знаеше какво чудовиште нѐ следи и чувствуваше ли тој на своето грло, како што чувствував јас, влажни и лепливи шепи на магла?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, се послала само непрегледна црна ораница која тука и таму беше ишарана со зелени сеченици на веќе подникнатото жито.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги доведоа до масата послана со зелено кадифе. На предниот ред пред масата седеа членовите на воениот суд.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Оќете ли, докторе, да ми погледате стомак?“ - беше главното прашање на нашата друшка, која, поради нејзината дијагноза можеше да ни полни пластични шишиња со вода и да ни ги грее на сонце, на первазот од прозорецот, потсокриени со зелено перде... дел од ентериерот на просторот во кој живеевме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во статутот со правила за заедничко живеење што како подарок ќе го добиеш заедно со зеленото светло од пријателките додека те гушкаат и ти честитаат, убаво ќе стои сѐ на што треба да внимаваш во иднина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа е оној стар патор, мултимилионер кој што својот базен го наполнил со зелени долари и омилена забава му е да плива во нив.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Животот се собира и се шири, и пак ќе свири под прстите на оној твој куц Циган со зелени зулуфи. Животот тече.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гардистот со зелени заби се поклони пред чудовиштето. Веќе во следниот миг клечеше.- Ова е нов рудар, возвишена господарке.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ме џапна. Треснав на грб.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ништо. Само се виде двапати себеси во ледените зеници, се виде во невидени размери, во зелен џакет, со зелено лице и зелена маска на челото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еднаш татко му пак дојде со зелени сенки на слепоочниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ што забележа беше дека во просторијата има две мали маси точно пред него, секоја покриена со зелена чоја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некаде во близината, но невидливо, мора да тече едно поточе со зелени вирови во кои пливаат белвици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Целата пештера беше покриена со зелен мов како кадифе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Влажните росни капки, посипани со зелената и сочна трева, почнаа да блескаат како бели бисерни зрна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пак ќе ги користам наводниците, иако ние разбираме и така натаму: „/првата формула/”, напиша Џери со зелениот кели фломастер преку левата страна на уредниот задник на својата делумно заспана љубовница; на исто толку привлечната десна страна на таа млада дама потоа додаде „/друга формула/“, премостувајќи го нејзиниот процеп и канализирајќи ја неговата отмена точка- запирка со еден издолжен знак за еднаквост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Маж, висок, со шапка, малку поостарен, со тенка бела брадичка на замислен прч; а двете жени, боси, со зелени коси до нивниот разголен папок и со бели нараквици.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Насекаде околу нив градот мрмореше. Улиците беа обрабени со зелени стебла.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа тато ќе ја обои куќата: покривот со црвена боја, ѕидовите на куќата со жолта, прозорците со кафеава, тревата околу куќата со зелена, а небото со сина боја.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Можеби за роденден ќе му купат работна ламба - слична на онаа со зелен штитник.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Очите му светеа со зелен сјај, и признавам, тоа најмногу од сè ме воодушеви кај него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потоа го извади од пластичното кесе блокот со зелена хартија, го стави на работната маса, внимателно ги стутка пластичните кеси и ги фрли во кошницата за отпадоци, а потоа седна како да ќе пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го привлече блокот со зелена хартија кон себе (Таа не му даде отпор...), го смести пред себе (Ја легна женската!...) и го отвори (Ѝ влезе меѓу нозете...) кревајќи го капакот и внимателно подвиткувајќи го да стои легнат на масата на спротивната страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се обидува да прочита некои дамни врежани букви, обрастени со зелена мов и нечитливи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)