со (предл.) - затворен (прид.)

Дуќаните се со затворени ќепенци, тезгите на пазарот се покриени и затоа не се слуша и не може целосно да се почувствува зазбивтаниот пулс на ова морско пристаниште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
cowboy - вистински хакер, што може да програмира и со затворени очи
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Може, на пример, да се каже дека боите предизвикуваат звуци, а звуците калеидоскопски спектар на најразновидни бои, дури и со затворени очи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На околу повеа и се разлеа опојувачки мирис во кој потона воздухот, а ние со затворени очи го вдишувавме до ненаситка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лежеше со отворена уста, со затворени очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред катедралата седна на една клупа на топлото сонце и остана таму под блажената животворна топлина, со затворени очи, целосен странец на сѐ околу себе, неврзан и необврзан кон ниту еден од туристите кои фотографираа, кон ниту еден од жителите на градот кои одеа некаде без брзање...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МЛАДИЧОТ: (Сето време откако е влезен, седи во фотелјата и дише тешко, забрзано, со затворени очи, како да не му достасува здив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се врти кон пенџерето откај што наѕира лозницата. И со затворена уста се поднасмевнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А човекот со хармониката, спечен и со удови на инсект, се виткаше и пиеше вино со затворени очи додека еден младинец му ја држеше стомната на уста, куц, тој со години подвижноста ја пренесувал во колковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еднаш те љубев со затворена уста... те гледав со затворени очи... толку силно, толку темно... но доволно за да не те загубам во мракот..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Некогаш со затворени очи те гледам пред мене, и ја допирам твојата душа, единствена.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јас те запознав уште пред да те сретнам, како кога човек гледа со затворени очи, кога допира нешто со мислите, кога бакнува со душата...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Таа едноставно лежеше со затворени очи, не се опираше, но и не соработуваше, туку само поднесуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Вака е веќе подобро“, рече таа, се потпре на ѕидот со затворени очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Прочитај ја ти“, рече таа со затворени очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лежеше на плеќи со затворени очи и понатаму обземен од атмосферата на сонот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон успеа да фрли еден поглед врз нејзиното лице, свртено надолу, жолто и изобличено, со затворени очи и сѐ уште со по една флека руменило на секој образ и тоа беше последното што го виде од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Се гледа дека се однесуваш како вистински професионалец, - рече без да ја отвора устата. (Сите тие помеѓу себе се разбираа со затворени усти).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Небото, всушност, само се претпоставува со затворени очи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
V. Како дете го дочекував дождот со затворени очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
За да се одмориш, не мораш да спиеш со затворени очи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
(Борис и Матеј стојат еден наспроти друг. Матеј е со затворени очи.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ле-ле, мајко, како нѐ удираа и по плеќи и по глава и по лице... Удираа со затворени очи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)