Потоа паднал неподвижен, нацицан со животинска крв, тежок, со набабрено око свртен кон потсмешливиот прекор во муцката на чукарето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако паднев, јас ќе видев; но јас не паѓав, се служев со животинскиот рефлекс за самоодржување, и затоа не сознавав дека жената ми е во прегратките на некој друг.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И таа како и улицата беше задушена во мов, се крстеше секое утро пред своите дуќански врати, со животински страв од данок, меници, повереници и полициски писари.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Со брз, последен замав во животот му го зграпчил левото уво на светиот злосторник и му го скинал - една крв се, нека џбурка таа од две глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И во тој напор на уловена ѕверка, бараше причини и ги дробеше пцостите под јаките заби борејќи се за здив - тој лекар, тој проклет љубоморен лекар - но горилата го влечеа со себе, мирни и со животински разум во очите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)