Не треба ни да се каже дека тој извор, така привикан, никогаш не е естетски туку роднински, не е одреден со естетското мерило на слободните институции на националната (како светска) литература туку со органскиот „указ” на апсолутната моќ на крвта и тлото.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Проценувана со естетските мерки, рок музиката сосема сигурно има одредени вредности, кои се објективни, без оглед дали ја вреднува естетичар на музиката или лаик; исто така, што не е без значење, оваа музика, создадена под дејство на психоактивни дроги, подобро и побогато ја доживуваат оние коишто самите ги уживаат истите дроги. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 145
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кај таквите светови (всушност се работи за environment-и, обликувани со компјутерска графика) доаѓа до совпаѓање на вистиностните со естетските мерила; што се поубави пројецираните светови, толку повеќе се вистинити.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)