А тоа што не беше ни занимливо ни ново, вака изгледаше; долга, тесна улица на периферија, со стари, еднолични куќи во два реда, разделени со груба калдрма.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Траеше тоа бесконечно долго; најпрвин ме скокоткаше, и јас се извлекував од под него, но тој постојано ме враќаше назад, нималку нежно, со грубите раце, и продолжуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Неугледна зграда, половината под земја, мемлива, со груб малтер, со малку украси.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И пак како што правеше дедо му, Бојан ја сврте полата на своето палто и со грубиот волнен шаек си го избриша лицето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Замавнувале, боделе, кинеле и помамно ги испитувале тие влакненца, и секое, скоро секое, било еднаш видено на штавена кожа од лисица, јазовец или диво свинче, и некои мислеле дека на таквиот народ каков што е нивниот големината му е во несфаќањето, во немањето сметка како да се одржи, да се намножи, да исколе сè што крева нож на него зашто за двајца свои луѓе убива еден, утре ни за десет не ќе убие двајца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
До еврејскиот крај стасавме брзо. Улица под старите касарни Кале стисната со груби и стари куќи - тоа ни беше целта.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Оној имаше еден остар глас и тој го сеќаваше него како некое болно, но неминовно стружење со грубата острина по некоја негова рана, која што не би можела ни да зарасте, пред да биде истругана така.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)