Мулти тач технологија прва класа две, три, другарчиња на една маса учителката Наде посматра и фолира со виртуелни алатки ги контролира.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
cybersex - виртуален секс со виртуално лице во виртуален простор; види cyberspace
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Нормалната комуникација ја замени со виртуелна.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Уметниците што работат со виртуелните машини, при конципирањето на своите дела го земаат предвид и начелото на интерактивност во смисла на кибернетичка врска меѓу делото и неговиот примател и која што при одредени рамки влегува во мрежи (net working).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)