со (предл.) - ведар (прид.)

Во дворот полн со цвеќиња тој фрли само брз поглед, иако тие можеа одново да му кажат многу, но околу шадрванот во дворот, еден од најубавите што ги беше видел досега, се бркаа мали Турчиња во провиснати бечви кои постојано си го тргаа учкурот нагоре додека трчаа, та оваа слика ги надвладеа другите и мошне го успокои со ведри ветувања.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да, Арсо вдахнува доверба, и со движењата, одмерено вешти, и со ова тенко бледо лице на млад благородник и со ведрата синевина на очите, и со необичниот акцент со којшто ги изговара француските зборови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој град некогаш полн со здравје, сега неухранет, вошлосан, отворен кон болестите на душата и телото, на работ од епидемијата на тифус, на уплав, на треперење пред неизвесните времиња, под ударот на болести и несреќи што најнапред, како по правило, прво ги погодуваат сиромашните, брзо фаќаат корен и се шират меѓу најмногубројните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога по три дена не побарал ни јастие ни питие, и кога почнала да се шири неподнослива реа, влегле стражарите внатре, и го виделе, потпрен на својот стап како упорно, со ведри очи гледа во натписот од книгата чудна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тука се сите, сите, сите: децата, Цви, неговите, нејзините родители дојдени на посета кај сватовите и таа облечена во фустан со ведар дезен и прекрасна берлинска шапка по последна мода што не допушта во очите да ѝ бие сјајното галициско пролетно сонце... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)