Каде е сега? Меѓу предводниците? Се разбира, затоа и е тука. Не, не е подведен меѓу послушниците.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Зарем светот не е таков создаден од Бога? Зарем Книгата не е полна со важни личности и со безименото мноштво, со првенци и со оние другите, останатите, безименото множество, со патријарсите и со нивното масовно човечко стадо, дури и во самиот состав на избраниот народ...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- И мајка ми е учителка, - чув како им се пофали на другарките со важен тон. Се чувствував необично.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)