И така, Татко не можеше да најде пореална и поголема историска сцена од Скопје, за да го следи подемот и падот на империите за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според легендата, генералот Пиколомини на блиската планина Водно со својата војска под звуците на посмртен марш на воениот оркестар ја посматрал смртта на градот, а на австрискиот цар Леополд му пишувал дека решил, не од срце, да го закопа градот во пепел, со згради какви не видел, со џамии од најдобар мермер, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, убави старини, градини...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)