Пет ли, шест ли веќе распаднати трупови, наредени еден до друг, набрзина запретени со шума. Загинати партизани, кутрите!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ако, пак, се направи споредба со одредбите од Законот за јавни претпријатија, кој се однесува и на јавните претпријатија кои стопанисуваат со шумите (чл. 2, ЗЈП), ќе се заклучи дека одредбите од ЗШ предвидуваат поедноставна процедура за отпочнување на штрајкот, додека во однос на останатите обврски кои им се наметнуваат на работниците кои штрајкуваат не постои некоја позначајна разлика помеѓу овие два закони.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На одење ѝ го затнувам ѕвонецот на кравата. Со шума, со трева.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Меѓутоа, во Ардените најмногу ме зачуди еден факт - насекаде, се разбира, каде што за тоа имаше можности и убави природни реткости, гледав бели населби, главно распослани, по шумските пејсажи, или на полјанките, пак од сите страни заобиколени со шуми, покрај реката Урт.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)