Нашите работници со шлемови на главите, во сини рботнички блузи, беа распрскани по објектот. ...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И од 1966-та, ја гледаме оваа нова раса, “студентите” кои сакаат да носат тексас и патики.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги гледаме „униформите“, вооружани, во чизми, со шлемови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа се случило во ноември, илјада деветстотини четириесет и четвртата, триесет и една година по смртта на големиот раскажувач Лозан Перуника.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таква е сета Рајна, иако е преполовена со шлемови, иако покрај неа има фабрики, градови, иако е без пасторална глетка, сепак во неа има романтика и затоа и денес, како некогаш во приказните, го очекува со загатка секој оној што ќе мине покрај нејзините брегови...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)