Над чардакот обесен бајрак накитен со шамии и цвеќиња, а на врвот наврено јаболко.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Јас ќе одам на далеку, еј моме.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Инаку за шамијата требаше нешто да се плати, па нашите родители во согласност со најдобрите традиции на македонскиот домаќинлак, добиваа идеја да свршат работа со шамијата на постариот брат или сестра.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Ајде да влезам во оваа божја сенчица, да го чекам... (Влегува во врбјакот.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
(Ја брише потта со шамијата.) Ама жештина!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Скрез офна така силно, што Цанул се исплаши, ја фрли вилата и избега; Цанулица замалена од страв, стрчна кон Скрез, му ја извади забуцаната вила и му ја изврза раната со шамија за да му ја запре крвта што бликаше на сите страни; го одврза коњот, му помогна да се качи и тргнаа в град на болница.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Еве ги! Тие скоро и неизговорени зборови, тој шепот не посилен од шушкање на суви лисја, ги намалиле луѓето по засолништата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На патот, ако можело да се зборува за некаков пат, се појавиле неколцина, повеќето со шамии околу главата, облечени кој како и повеќето во бели бечви и со дебели објала на нозете.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со шамија и со престилка дочекува гости.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога се освестил, го прашувале за сѐ и за сенешто, а тој занесено и преплашено раскажувал како да бил потонат во некој сон: - Ме фатија некои одзади, ме стиснаа со шамија за устава, очиве и повеќе не знам ништо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Постарите жени со шамиите ги бришеа солзите радосници.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Баравме долгнавести камења и со шамиите ќе ги подбрадевме и тие ни беа бебиња, а бидејќи знаевме дека сѐ умира, божем бебињата ни се разболуваа, па ќе ги закопавме во дупка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Клекнувам до него и со шамијата од глава му го бришам челото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со скутините и со шамијата од глава ја повивме. На две - на три.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)