Верувај, јас уште пред да одам таму, бев некако задоен со читањето и духот на славниот Дон Кихот на Сервантес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Празните денови на долгото топло лето Рада ги исполнуваше со читање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Младиот патник... тука офицерот го стави прстот на местото до каде што беше стигнал со читањето и ги управи своите живи костенливи очи на Глигора.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А тоа можеш да станеш не само со читањето на Меклуан, Дерида или Ниче, туку и практично.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Овој дојде на определениот ден по своите бегови и агалари и кадијата го отвори мезличот со читањето на ферманот, а калуѓерот Аџи-Јане му објасни за сѐ што разбра во Мариово.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Додека трае мајкината грижа за своето чедо без оглед на годините, размислував завршувајќи со читањето на писмото, тоа свесно или несвесно ги живее најубавите, најбезгрижните години во животот, животот добива поголема смисла...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше тоа чудесна, тивка солидарност, како дел од нејзината молитва ...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека ги слушав врвните офицери на Југословенската Народна Армија (ЈНА) како зборуваат со вознес и незамислива увереност за главните стратегии за одбивање на напад на Југославија од Западниот или Источниот блок, со мене на часовите ја носев книгата на Вињи, верувајќи дека на овој начин со читање на книгата ќе го компензирам времето на воените предавања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Завршува со читањето и ви ја враќа книгата во пристоен рок. Вели дека ѝ се допаѓа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
ФЕЗЛИЕВ: Добро. Се гледа дека навистина ќе треба да почнам со читањето.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Откако заврши со читањето, се збогуваше и си замина со толкава потиштеност во душата, сосема невообичаена за добронамерник како него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Својот страв му го пренесуваше и на дедо, ама тој велеше дека ќе му мине ќефот по книгите на синот, штом ќе се ожени, дека ќе го навасаат тогаш други грижи и ќе запре со читањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со читањето, таа, на најсреќен начин, го совладуваше времето во најголемата осаменост.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)