со (предл.) - чеканче (имн.)

На троногалче седам и сеирот си гледам и немам што да правам па во оган дрва клавам и се мавам со чеканче по колено за да видам дали ми се добри рефлексите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Првите ја вадеа рудата од тунелите, а жените, и децата од дванаесет годишна возраст со чеканчиња ја чистеа во бараката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го гледаме напивањето вода на локомотивите, шопањето на широкото црево озгора, удирањето со чеканче по шините, давањето сигнали со свирчето и знаменцата, гровтањето на маневарките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Железничарите удираат со чеканчиња на тркалата под возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)