Малкумина успеале да дојдат до брегот на морето и со чамци да избегаат и тие биле сведоци на она што станало.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Знам само дека, кога почнавме да се спуштаме, под нас најпрво забележав густи шуми, а од што беа густи изгледаа не како да се зелени, туку беа модри, темни, како што е водата во Охридското Езеро ако се оди во длабочините со чамец, ама секогаш по малку се плашам кога ќе се оддалечиме премногу од брегот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)