АМФЕТАМИНИ (AMPHETAMINES) Форма: Главниот вид на уличниот амфетамин е амфетамин сулфат, белкаст прашок (повремено содржи сивкасти или розеникави траги) кој обично се шмрка со цевка или се внесува интравенозно, но исто така се голта (завиткан во хартија од цигари или помешан со пијалок) или се меша со тутун и се пуши.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ја држеше пушката откочена, со цевката истурена преку вратничката.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се удираат цевка со цевка, тропа железото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пушката му стасуваше до колениците, иако ја носеше на повисоко рамо и со цевката нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Претседателот имаше широки рамена и Змејко гледаше како виси со цевката надолу неговата прекрасна автоматска пушка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пушеше, чекорејќи, со цевката од пушката во едната рака. Цевката беше топла.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со цевката му дадоа знак да ги крене рацете нагоре: го претресуваа по џебовите од пантолоните и гуната, а потоа и по телото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Стражарот и натаму мавта со цевката пред него.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Набргу гонителите се нашле пред еден огромен казан поврзан со цевки со излези на ридот. Тоа беа млечните потоци, сега секнати.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Иди со пушката и ја крева нагоре, го бара со цевката Дука Вендија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)