со (предл.) - формирање (имн.)

33 Секако дека информациите за Македонија имале ограничен карактер, имајќи предвид дека дописниците не можеле да информираат од самото место на настаните, туку своите извештаи ги базирале врз официјалните соопштенија и од свои информатори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во извештајот Еванс посебно се осврнал на перспективите за обединувањето на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Особено голем политички успех бил постигнат со формирањето на масовната политичка организација Славјаномакедонски народноослободителен фронт (СНОФ)323 кој работел врз македонска национална платформа, со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, како и посебен партиски актив на Македонците во Леринско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа тој го потврдува и со својата опсервација дека ако се одржи слободен и фер плебисцит, тој би резултирал со формирање на „слободна Македонија“, а со тоа би се анулирале „грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, не долго по овој конгрес, започнале да излегуваат на површина принципиелните разлики што постоеле меѓу Македонското револуционерно движење и Врховниот комитет, а кој, со формирањето на Сарафовиот комитет, не биле и не можеле да бидат изгладени туку само привидно истиснати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Едновремено, јавноста на САД била запознаена и со формирањето на „локалните владини комитети во Скопје и во Куманово“, непосредно по навлегувањето на германските војски на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)