Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Јас стојам долу со фенерот и гледам како ѝ се откриват глуждовите и листовите од нозете. И светка месото и не ми дава да се мрднам. За малку да го испуштам фенерот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги гледа со фенерите в раце, им го слуша гласот: „Богдане... Богдане...“ и молчи стутулен. А кога ќе одминеа, се враќаше дома и ги чекаше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Слегуваше Профим со фенер в рака низ брегот и одеше да го бара; да го прибере дома.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)