со (предл.) - учител (имн.)

- Не можам да слезам долу, Имам многу важен разговор со учителот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Комисијата влезе во училиштето заедно со учителот и кметот кој од вратата им викна на луѓето да не влегуваат во училиштето, да си одат, да ги остават на мира да разговараат со Комисијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Па, ти, Лангач, знаеш, ти си... Не можеш ти... Туку ќе видиме. Ќе зборувам со учителот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Заедно со учителот, тие биле осудени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веќе неколку дни како селото е останато празно. Со учителот заминаа речиси сите мажи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)