Мајка ми од малкуто брашно што го имаше месеше некакво тесто, она вообичаеното, но секогаш со умешност, за да го залаже гладот, со различните форми на јуфките, на питите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Оној што го создал тоа суштество, со умешност на јувелир, во главата му сместил два полирани и блескави скапоцени камења, со магнетна моќ.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
За ваквите појави имам и еден друг збор, манипулирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Алегоријата е везена со мајсторство, колку со вибрантниот и воздржан стил толку и со умешноста на митот на отпорот против криминалниот диктат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некој веројатно одредил несигурно да се чувствувам кога ќе се најдам пред типови кои се стекнале со умешноста на предвидувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Премногу сме приземни. владееме со умешноста да се наднесеме над бездната како големите мрзеливи птици Но нив гладот ги води а не страста за летање.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)