Што и да погледнам - сѐ е поврзано со некаква замислена - и во реалноста спроведена - бесконечност: столот со подот - подот со вратата - вратата со тротоарот - тротоарот со улицата - а улицата со центарот на градот - центарот на градот со излезот од градот - излезот на градот со автопат, автопатот со друг град, село, држава.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓутоа, врз образецот на неговата експозиција одделени се двата пристапи, така што одреден број редимејди се одделиле од јазикот за да се избегнат можните недоразбирања - а тоа да не ни претставува пречка да забележиме дека обата пристапи, лингвистичкиот и пластичкиот, симбиотски се испреплетуваат. превод: Леа 100 “ЛОКАЛНА СЦЕНА” Граници, страв Колку е голема, непрегледна, речиси страшна - Околината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За Берлин се има престава дека е град кој треба да е многу голем, многу убав, со големи згради, со паркови и зеленило, со улици, авении, булевари, со сите оние атрибути што го чинат еден ваков град и голем и убав, и различен од многу други градови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Поетот Матеја Матевски во занес ја црта мапата со улицата на својот прв детски плач во Истанбул и со повлекувањето на секоја нова линија сал туку се допрашува: само во песните ли бива на Босфорот да е подножјето ем на Бистра Планина, ем на Андите?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)