Се разбравме? - нѐ праша со укор во гласот. – Простете - рече - јас ќе одам зашто во ресторанот ми се порачани сите маси.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во неговата отровна, клеветничка уста, во таа одаја во која ме измачуваше со укори, мојата кроткост стануваше – слабост, мојата благоразумност – плашливост, а мојата отвореност (како кога му реков дека му недостигаат букви во писмото) стануваше – нескромност и дрскост.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем Фисот говореше глупости, како и обично; нѐ караше, ни се закануваше со укори, мавташе со прстот; и конечно, некаде пред крајот, рече дека би било добро да има што помасовен одглас на распишаниот конкурс за литературен состав на тема: „Перспективите на народната уметност денес.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа е страшно лице модро-пожолтено, на коешто горат очите, строги и полни со укор. Арсо не гледа на него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)