Ако среќавањето пред тој јунски ден, во јануари на таа година, со пламените стихови на „Очи“ и „Љубов“ говорени од Ацо Шопов на конгресот на македонската младина во скопскиот офицерски дом беше сето во егзалтацијата и патосот на големото славје на слободата и во првата фасцинација со убавината на ослободениот македонски јазик, доживувањето на Рациновите елегични, чемерни стихови на болката и убавината на неговата Балада, се откриваше како трагично идентификација на самиот Рацин, во смртта, во онаа „кара смрт“, со непознатиот војник од една друга војна, - Големата, „световната“ - идентификација што ги исполнуваше и обединуваше луѓето во заедничка тага.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Тој, пак, и во најпосните времиња, флертуваше со убавините на светот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Беше некогаш млада. - Ма, дајте, ве молам! И тогаш како и сега блескате со убавина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ништо не може да биде прескапо за мојата внука. Убавината мора да биде наградена со убавина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Светот е полн со убавини, светот е полн со сешто, па ајде да делиме братски, за сите да има по нешто!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
ЗА ПОУБАВ СВЕТ Светот е полн со убавини, светот е полн со сешто а сепак, во многу земји некаде не чини нешто.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Има школки на кои им прилега да бидат вкотвени во вековите, вели уште неродената Венера потсмевајќи им се на баналностите на мултилингвалните туристички водичи.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Убавината само со убавина се разбира. Помни и врати, пак со убавина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)