Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се зачудив кога го видов! Тој не го забележал државниот удар, кога среде полицискиот час, со торбулето и копачот на рамо, со жолтата тркалезна сламена капа тргнал во својата градина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)