Таман се прибираа орачите и дрварите, и тој, со торбичката на рамо, со ластегарката под мишка, влезе в село на мракот. Ha дедот Петка не му беше ова прво одење во Рожден.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)