со (предл.) - тишина (имн.)

Остануваат некои зборови, слики, бескрајното чекање на нешто (чувствуваш?) неизбежно, нечие доаѓање, ѕвонење на телефонот, адреналин, будењето на мрачниот ѕвер, убиство на времето, ненадејно отворање на вратата... остануваат валканобелите ѕидови обременети со тишина, ги голтаат погледите и те оставаат самиот на себеси, безброј прашинести утра кога се откажуваш од својата НАМЕРА, а стакленото око ти го нацелало грбот, подготвено да го испука бесмислениот истрел... остануваат меките, пренатални допири на темнината, ококорените, црни пукнатини на времето меѓу скаменетите бранови на празнината, пополноќните прошетки низ мртвиот град и она скокотливо чувство на необјаснива слобода што ја чувствуваш додека чекориш по пустите улици (стариот Витмен тоа чувство го знаеше подобро од мене)... остануваат порозни делови од едно филтрирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Единствено ја препознава осаменоста. Уште побогата со тишина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Остана клечејќи и сраснувајќи полека со тишината.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Впрочем и не бев сигурен со какви изгледи располагав јас и какви можеа да бидат крајните резултати ако прифатеше Таша да го изведе на виделина со моја помош она што одамна се беше здружило со тишината на неизвесноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На многу места, во сите книги од Твојата фамилијарна сага, Ти одново и одново пишуваш за таквата благородна и лековита тишина во која Твоите родители живееле цел живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Признавам, од опусот на Барт најмногу сум приврзана кон неговите подоцнежни книги, оние од постструктуралистичката фаза на неговото пишување, жанровски и методолошки хибридни (како Задоволство во текстот/Lе plaisir du texte, 1973, или Светлата соба/Lа chambre claire, 1980) и белким и поради тоа апсолутно заводливи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
III Моќта да се владее со тишината е една од најголемите човекови дарби во одбраната на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше вистинско мајсторство да се владее како Татко со тишината особено во барабанските, заглушувачки времиња, кога на меандрите на тишината се наоѓаше вистинскиот збор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите како да бевме во некаков свет договор со тишината на старата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)