„Куќава“, вели, погледнувајќи наоколу, „ми припаѓа мене. Со тестаментот на татка, јас сум стопан.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Баба замина во 1937 година ненадејно во Цариград, според упатството на нејзиниот прв братучед Али Фети Окјар, тогаш амбасадор на Република Турција во Англија, за во една турска банка да ги подигне парите кои ѝ биле оставени со тестаментот на нејзиниот татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)