Дотогаш, со странство, ние комунициравме само со телеграми.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И со поширокото семејство, од земјата од која избегавме, поради затворената граница, комунициравме со телеграми- некролози кои, главно, објавуваа нечија смрт, на едната или на другата страна од границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Уверен, зацврстен, врз култното почитување на прописите од својата сфера дека постигнал мала дипломатска победа чија смисла најубаво ја разбираше само тој, замина гордо со телеграмата, херметички затворена во фасциклата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тие доаѓаа наваму и паѓаа во мојата градина како Швабите под Сталинград. Поштарот со телеграмата, пријателите од градот, новинарите. Не можам да се сетам на сите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Шифрантот Иваз, нестрпливо очекуваше да му ја вратам фасциклата со телеграмите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Трајан со телеграмата в рака шеташе низ касарната: седнуваше, стануваше место не го фаќаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тие долго не можеа да сфатат дека мојата осаменост не се зборови, туку сурова реалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)