со (предл.) - сјај (имн.)

Така човек се мрда по темнините и форфоресцира на мрачното дно на стварноста, осветлувајќи ја својата темна патека со сјајот на тие букви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поетот пееше: Малку небо ми е доволно за да патувам за да го стигнам мајкиниот сон, небото го носам на плеќи а мојата земја е ваша и дали една книга ќе ми го исполни слободното време во тоа безвреме...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXVII Следејќи ја палестинската драма, по падот на бургибизмот во Картагина се соочував со сјајот и бедата на источните владетели во судирот со модерните времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да ги води, по правата патека, осветлувајќи им ја со сјајот од очите. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И најде: да се борам, требаше да се борам со сјајот во твоите очи. Тогаш во театарот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Единствено чистачот на чевли на Plaza de Armas знае дека секој тажен ден е бескрајно долг и не се занесува со сјајот на новата епоха отшто во секоја епоха имало и ќе има чистачи на чевли и бескрајно долги денови на тага и на недоветен занес.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)