Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Плевната од својата источна страна имаше просторен трем, со стреа, каде што понекогаш, кога врнеше, се прибираше добитокот, каде што понекогаш во врнежливите денови се вршеа некои работи: се прибираше компирот, се сечеа дрва, се сушеше навлажнето сено, се приготвуваше зимница, која потоа во поголем дел се пренесуваше в село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)