Во летните месеци, кога имаше помалку читатели, во магазинот беше попријатно одошто во горните простории и Грдан имаше време да прелистува книги во преградениот агол со стол и маса, што магазинерите си го викаа гулабарник за да не биде кокошарник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Скопскиот производител се покажа само со два свои производи: трпезариска маса со столови, во стил, и со една дневна соба, наменета за самци и за хотелски објекти.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Треба да се бранам, се сети. Како би било да го удрам со стол. Едноставно, по глава, како со кундак.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
По орманите, се зафативме со столовите. Перничињата ги испитувавме со тенки долги игли, чија употреба веќе ја знаете. Ги отстранувавме плочите од масите.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)