Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од жените во Центарот ја обожавав Илона. Шмизла европска, со стил.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Затоа по мала пауза молкома ја сменија темата со онаа која се однесуваше на напатствијата што Беренц неодамна ги доби од Берлин и кои, како што веќе е речено, чекаа на брза реализација. Тие денови од крајот на 1943 година, пушејќи покрај прозорецот, Беренц во својата канцеларија го чекаше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сите ќе мораат да знаат дека сум ТУКА, на таа тераса, невклопена со стилот на она на кое е прикачена, а сепак висечка, тешка и ладна под допирот на металот кој го стискав грчевито, затоа што ми беше страв од височина од која секогаш може да се падне, но не може погоре да се искачува.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)