Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Организацијата може да престане по скратена постапка за ликвидација ако, по донесувањето на одлуката за престанок на постоење од органот определен со статутот, повеќето членови на собранието или застапниците на фондацијата и на странската организација, поднесат до Регистарот заверена изјава, согласно со закон, дека се намирени сите обврски кон доверителите и кон вработените во организацијата (чл. 70, ЗЗФ). 3. Договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Средствата на организацијата не можат да се исплаќаат на членовите, основачите, членовите на органите, застапниците, вработените или со нив поврзани лица – освен во случаи кога член на организацијата е корисник на услугите на организацијата, во согласност со целите определени со статутот и програмата на организацијата (чл. 50, ст.3 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Односно, до престанок на дејствување доаѓа кога „така ќе одлучи надлежното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува“ за ова важно статусно прашање (чл. 28, ЗИДЗРО/окт.09); г) исто така, за прв пат, а со цел јакнење на социјалниот дијалог во државата и усогласување на конкретните мерки што се преземаат во сферата на економската, социјалната и развојната политика, се пропишува основање на едно советодавно тело, без поголеми изречни прерогативи за самостојно одлучување – наречено Економско- социјален совет, чијашто дејност се темели на потребата за трипартитна соработка меѓу Владата, репрезентативните синдикати и репрезентативните стопанските комори, при решавањето на економско- социјалните прашања и проблеми (чл. 246-247, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Скопје I – Скопје е: IV П.бр. 1352/00. 2. Работниците имаат право – по свој слободен избор – да основаат синдикат и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На триесет и петгодишна возраст тој штотуку и неволно беше отпишан од Младинската лига, а пред да влезе во Младинската лига, успеал да остане во Шпионите една година преку староста предвидена со статутот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Подобрување во споредба со 2002 година е повторното воведување на можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена, ако тоа биде предвидено со статутот на друштвото.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)