со (предл.) - стадо (имн.)

Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ќе го забележеа од далеку, другите козари со стадата доаѓаа да го поминат времето со Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Завидливо нѐ гледаа децата од Козар маало кога чекоревме крај нив со стадото на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)