со (предл.) - сомневање (имн.)

Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси са­мо од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога стигнаа селаните со козите, староседелците ги гледаа со страв и со сомневање дека колачот на сиромаштијата ќе го делат на уште помали, речиси невидливи делчиња сѐ до гладување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Да не сме задоцнети со копањето, докторе? - со сомневање во гласот рече инженер Александар!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чучук-Андреј со сомневање се накашла. „Знаеш дека било така, си им светел кога ги секле жените и децата?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не помагало, Проказниците се споулавеле. Најпрвин гризале дрвја и камен, потоа ги извлекле од кании сабјите на пашите и си ги испоклале жените и децата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие и на училните стебла гледаат со сомневање.“ Старчето отплетка со прст некаква невидлива пајажина од пред себе и болничарите излегоа со пламена навреденост околу усните.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)