со (предл.) - слушалка (имн.)

Во улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега врие од заитани бизнисмени со мобилни телефони и изгубени туристи со мобилни фотоапарати и со слушалки од вокмени во ушите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Со слушалките од вокменот во ушите, допрена до стаклото на прозорецот, тивко колку за себе ги потпевнуваше песните од изборот на музичките станици.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„А, не! Шест месеци продавам на плажа во Пореч, а другите шест сум ’Доктор Славе’ - познат травар и исцелител“, се насмеа и, додека мислев дека се шегува, се врати облечен во бел мантил, со слушалки околу вратот и апарат за притисок.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)