А што станува со сегашноста на нашите деца? пресече госпоѓа Камилска, оставајќи го својот сопруг без одговор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Синтагмата acutezza recondita (скриена остроумност) се претвора во волшебна формула на тогашниот маниризам, обележувајќи ги и дворските "манири" и занаетчиството и модата. (...) Треба, значи, да се прикаже одреден тип на човек и да се анализираат разнородните "културни документи", наоѓајќи сличности и со сегашноста.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Камилски замина замислен, првпат откако се врати од Голи Оток, сега зајакнат и орен за работа, но подјадуван од малите порази што ги доживуваше со луѓето во местата каде што работеше, никогаш со разбирање за неговата трагична судбина и минато на затвореник на Голи Оток, макар невино осуден, потоа и рехабилитиран.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Маказар е во изборната единица број 24 и, бидејќи доаѓаат изборите за Парламентот, иако датумот уште не е одреден, историјата на местото ја поврзав со сегашноста, со карактеристиките на изборната единица и со можностите на политиката во овој реон.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)