со (предл.) - светлина (имн.)

Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Три нешта На внука ми Ирина Пред засекогаш да се поздрави со светлината и сѐ друго што се обидуваше да распознае низ неа, тој слушна нечиј глас кој не можеше да го одгатне: да не би да си заборавил нешто да довршиш за да си бидеш сосема спокоен?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
СЛОБОДАТА: (Исчезнува опкружена со светлина)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се чини како смртта да ја дочекал облеан со светлина небесна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И одеднаш, настана црна темница во шумата, и само буквите од словото незнајно на штичката почнаа да светат со светлина сто пати, многу пати посјајна од онаа на огнот наш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Личеше на девојка, на блудница вавилонска, жешка, оти и бојата ѝ беше таква, жешка, црвена; Филозофот ја допре со врвот на прстот и се насмеа, а Лествичникот ништо не сфаќаше, но јас знаев дека во тој миг Филозофот ја чувствува сета топлина на светлината, жарот на сонцето сето, врелината на плодницата, осилото на пајакот, жарот на најотровниот отров, оти отровот е лут, и гори, и во болка со него се насладуваш; сето тоа го знаев, и знаев дека Филозофот веќе следниот миг ќе помине со прстот по сите букви, од буквата Ж ќе почне, од средето на клопчето, и дека ќе им ја прочита топлината на буквите, бојата нивна, и дека тргнувајќи од средето, најрпвин ќе помине со прстот кон едниот, а потем кон другиот крај на клопчето, и дека потем сосема спокојно, како да не прочитал ништо, ќе се сврти со светлината кон ѕидовите на одајата, како да разгледува храм непознат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми се стори дека во темница останав јас, мрава црна, на црн мрамор, во најцрната ноќ, оти свеќата на отец Стефан Лествичникот светеше со светлина студена, како светилото ноќно на небото: светеше само толку колку да се каже оти не сме слепи, како окото негово помрачено од бело перде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Разденувањето ги бришеше ѕвездите и полека окото се полнеше со светлина: зеленикава, па жолтеникава и на крајот азурно-сина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А сега стани со светлина во очите, раздувај ги црните сеништа што буричкаат во твојата душа, отвори се за твоето чедо и за сите други!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не сум сигурен во врска со светлината што сега ќе ја спомнам, (мене сѐ ми се чини дека ја видов) затоа некој од моите блиски ако потврди дека чудна светлина огреала од лицето на тетка Боса Сотирова во моментот кога сфатила дека син ѝ нејзе ѝ се обраќа од темнината на ноќта, јас сум спремен да прифатам дека несомнено беше така.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се мешаа светлината на водата со светлината на небото. Виножито се покажа на небесната шир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мајката Ервехе, како вистинска балканска – мајка храброст, со ќеркичката Дрита (Светлана), со светлина во прегратка која ќе ја води низ мрачните предели на војната, жива и здрава ќе стаса во последното спасено гнездо на семејството во Тирана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)