Вагонот со дрвени седишта во кој патуваше беше преполнет од едно единствено огромно семејство, составено од една беззаба прабаба до едно едномесечно бебе, кое патуваше за да го помине попладнето со сватовите на село и, како што му објаснија слободно на Винстон, да набави малку путер под рака.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Попот ќе оди со сватови по снаа кај Рожденката, а таа — кај Анда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Тода ја убедуваше Рожденката, иако знаеше оти таа одвај го чека саатот да се израдува со сват поп и зет попов син.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така требаше. И двете свадби ќе бидат со сватови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Попставревци - коњи не ги стасува: ете, и Робе им направи чест. Сега уште зетот со сватовите да стаса...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Додека студот штипеше, тој правеше пепелница за перењето на Калија, а кога лете доаѓаше кај нив самарџијата Димо, и на тремот со сватот Пајко се натпреваруваа во надјадување лубеници, Бошко беше тој што со мрморливо уживање ги гледаше и веднаш трчаше да ги собере расфрланите корки и резенки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)