Во отсуство на свирки поради убиството на стрика Анѓела Јанчески, а за да си дадат оддушка на лутината и за да го отпразнуваат некако Денот, од горните падини на Горник момчињата со санки се спуштаат и преку сретселото стигнуваат сѐ до пред вратите на дуќаните Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа попладне се спуштавме со санки по улицата; сите тетки на една санка, а јас пред сите, тебе те држам во скутот, а долу, на свиокот кај Пинговци, санката излета од улицата и се стркалавме сите во снегот како лубеници.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)