Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со рој разбистрени мисли во својата глава, пред зори ја совлада сонот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Високо над кулите тежеше небото опсипано со рој бели светли ѕвезди. Градот спиеше во длабок сон.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)