Кузе, кого до крв и безсознание го претепаа џандарите и добро го напоија со рицинус, затоа што на орање на воловите им зборуваше горе- долу, a не пано-като, кога виде како влегуваат Италијанците во селото, истрча да ги пречека.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)