Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со револуцијата напролет ќе се користат само нашите непријатели што си имаат само сметки спротивни на нашите национални интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Најмногу на нишан му беше Француската граѓанска револуција од 1789 година, кога самиот во животот се соочи со Младотурската револуција, на 23 јули 1908 година, започната од ресенчанецот Нијази-бег, а подоцна и со Револуцијата на Мустафа Кемал и неговиот вујко Али Фетхи, тој како да започна да го менува мислењето за револуциите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Малку тоа: името Бугарин што ги тераше европејците да се однесуваат со недоверба кон работата на Организацијата, гледајќи во неа желба на Бугарија со револуција да ја наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, и непостојаноста на бугарската надворешна политика, насочена сега против Русија сега со неа, послужи како причина за да се согласат Русија и Австро-Унгарија заедно, со заемна согласност, да ги решаваат балканските прашања.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но што се постигна со револуцијата на знаците? се вмеша Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Борбата со трите балкански држави не им противречи на нашите интереси, кои се достигаат и со револуција и со еволуција2, или постепено развивање на нашиот народ во морално-религиозен правец.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)