Но сега, со присуството на Климент Камилски, се менуваше ситуацијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Затоа, кај нас, најуспешни театарски претстави се оние кои за време на премиерната изведба се поткрепени со присуството на претставници на политичката, односно претставници од врхушката на партијата на власт.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ме изведува од канцелариските простори во еден од големите холови на новиот објект. „Гледате”, вели покажувајќи на едно импресивно мермерно скалило, очигледно сѐ уште под впечаток на неодамнешното отворање на Холокауст центарот, кое беше остварено со присуство на званици од голем број земји.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа беше постар граѓанин, во службеничка облека и неговата појава можеше да се објасни само со присуството на дрвената билетарница што беше затскриена во честакот од неколку стројно израснати кипариси што во темнината потсетуваа на вистински чувари.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не можев да се ослободам од чувството на виновност поради недоразбирањето што очигледно произлезе од моето сосема случајно поврзување на Јапонките со присуството на девојката в бело во претсобјето на вујко ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не само заради вујкото, туку и заради присуството на оние многубројни стрпливи љубопитници, иако е премногу наметливо па дури и ми пречи она нивно умешно соживување со присуството на смртта.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но бидејќи тешко му одеше, излезот го бараше во вулканите: со нивна помош сакаше да го реши потфатот, зашто вулканите се тие што ја создале живата материја на земјата; тие ги имаат сите потребни неоргански состојци за тоа: амонијак, метан, водород, цијановодород, јаглендиоксид и други, од чии соединенија, под дејство на висока температура и со присуство на водена пареа, се создаваат органски молекули, се постигнува синтеза на аминокиселини, нуклеински киселини, белковини и други потребни молекули за создавање на жива материја.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ако Борхес стана култен лик за Фуко, Дерида или Ролан Барт, тоа е токму поради систематската маргиналност којашто овде ја анализирав.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Постои, се разбира, petite historie која го објаснува тоа поклопување, која е во врска со присуството на писатели како што се Сардуј, Пас, Маркес, итн., во Париз. Но зад тоа е исткаена подолга историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)