со (предл.) - порака (имн.)

Но мене тоа воопшто не ми пречеше. Неговата лојалност кон работата предизвикуваше дури и чувство на сигурност. Добиена телеграма од шефот на државата со порака до новиот шеф на државата обврзуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На залезот од животот, кога опсесивно се трага по некакво помирување со нереализираните илузии, небаре задолжен од семејната судбина во егзил да ја допишам хрониката, оставена со пораките од Татковите книги, како можен тестамент за новите патишта на идните разгранувања на семејството, постојано ме обзема чувството за еден неисполнет долг кон Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Може да се тврди дека новата британска уметност е особено попу­ларна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа занимавањето со популарната култура многу повеќе зборува за опште­стве­ната динамика, стратегиите на репрезентација и, целовито, за ко­­лек­тивната подсвест, отколку занимавањето со нормативната кул­турна продукција која во себе ги вклучува естетските, моралните и политички ставови коишто ја прават, ако ништо друго, „предвидлива“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Монахот од ден на ден ни ги соопштува своите сведоштва, придружувани со пораката дека не треба да ја исклучуваме и опомената, како значаен укажувачки сигнал од неговите записи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)