Молкот на владините функционери и државните институции не може да се смета за ништо друго, освен за тивка согласност со политиките на газдите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Врежување, прободување, саморанување и исцрпување на телото во секаква форма го прават основниот репертоар на постапки со коишто овој модерен примитивец од Лос Ангелос се служи во своите театарски остварувања.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Бавењето со политика му ја намалува и ограничува снагата на талентот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инволвираноста на САД во настаните во Македонија низ историјата, за разлика од британската и советската, била маргинална, но во текот на Втората светска војна таа била во унисон со политиката на Велика Британија во однос на настаните во Македонија и на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)